(ВИДЕО) Брус Вилис со својот блуз-бенд доаѓа во Скопје!?

Брус Вилис можно е да дојде во Скопје, но како музичар со неговиот бенд, соопштија од концертната агенција и продукција „3Гонга“.

Познатиот холивудски актер Брус Вилис можно е да дојде во Скопје, но како музичар со неговиот бенд, соопштија од концертната агенција и продукција „3Гонга“. Продукцијата во соработка со ноќниот клуб „Станица 26“ започнува со концертни настапи на звучни и препознатливи џез и блуз-музичари не само од земјава, туку и светски етаблирани.


На 11. октомври со почеток во 22. часот настапува македонскиот гитарист, текстописец и продуцент Дамир Пух, а следната вечер е закажан настап на американскиот гитарски феномен Ерик Геилс.
Периодов агенцијата е во активна комуникација со концертни менаџери од светската сцена.
„Преговараме да го донесеме Брус Вилис во Скопје, во моментов е на турнеја со својот блуз-бенд, тој свири одлично саксофон, а со музика се занимавал пред да стане она што е денес. Преговараме со Фред Весли, кој е дел од легендарната група „Д ЏејБис“ каде што беше заедно со Џејмс Браун и Мејсио Паркер. Преговорите се во тек, да се надеваме дека овие големи ѕвезди, Скопје ќе ги доживее“ изјави долгогодишниот музикофил Александар Пејчиновски – Пејчи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …