„Златна петорка“ освои Гран-при на фестивал во Америка


Ова е наедно и седма меѓународна награда за екипата на „Златна петорка“, која не успеа да го помине филтерот од Македонија за номинација за Оскар.
На есенското издание на 36. Интернационален филмски фестивал во Њу Џерси македонскиот долгометражен игран филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски освои Гран-при за најдобар игран филм.
„Претходно филмот го вреднуваше 15-члена комисија составена од академици, професионалци и новинари, кои од вкупно 377 наслови од целиот свет го вброија меѓу 17 финалисти. Вчера, пак, по завршувањето на натпреварувачката програма, организаторите официјално ја соопштија конечната одлука за наградените. Ова е наедно и седма меѓународна награда за екипата на „Златна петорка“, која не успеа да го помине филтерот од Македонија за номинација за Оскар како филм од неанглиско говорно подрачје, соопшти продуцентската куќа „Револушн“.
Продукцијата додава дека филмската дистрибуција на „Златна петорка“ продолжува и понатаму на странските фестивали и во киномрежата низ Македонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Споделување на приказните – Зачувување на меморијата“ (сведоштва од Холокаустот)

„Споделување на приказните – Зачувување на меморијата“ (сведоштва од Холокаустот) е јавен настан кој ќе …