(ВИДЕО+ФОТО) Интервју: Коки Јанков – „Тајфата“: „Ова треба да го направиме и поради Дуле…“

„После таа случка од 2013. година јас дури сега некако почнав да се созеамам. Бев соочен, во изминатиот период со некакви интервјуа, изјави кои се бараа од мене, но си реков сето тоа да го направам преку песна. Но, таа песна не може да се напише како домашна задача…“

„Јас сум обичен човек, од крв и месо, со чувства, и иако имаше многу коментари не сакав да се објаснувам со луѓето, да велам вака или онака, меѓутоа, луѓето кои знаат кои сме биле и што сме биле ги знаат нештата…“
Коки Јанков, сакал или не, луѓето сеуште го викаат дел од Дуле и Коки, двојката која одбележа период од музичката сцена во Македонија…Со фестивалски песни, победи,настапи по Македонија, ведрина, секогаш насмеани, луѓе кои секогаш имаа добар збор за сите…Но, тоа беше минато. А, сегашност е Коки Јанков со „Тајфата“ и нивниот нов сингл „Песна стара“, секако, само повод за еден малку поопширен разговор со Коки…Годините си го направија своите па Коки е сега семеен човек, со сопруга и ќерка, но и редовна работа како професор по виолина во „Илија Николовски – Луј“ каде секој работен ден минува по три часа со младите и талентирани виолинисти на кои се обидува да им го пренесе своето знаење и искуство.


Зад Коки е работа од многу години,  со „Тајфата“ брендот што го осмисли во 2013. година, по издавањето на првиот албум „Еден пат за еден живот“ во 2015. година, сега полека ги подготвува песните за вториот…Сепак,темата за денес е „Тајфата“ и „Песна стара“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …