(ВИДЕО+ФОТО) Интервју: Коки Јанков – „Тајфата“: „Ова треба да го направиме и поради Дуле…“

Тие и дадоа многу на македонската музика во тоа време, ја репородија…имаа многу убави песни…,но да се вратиме на тебе и Тајфата. Има ли некој момент последните три четири години кој на тебе остави посебен впечаток?

 – Беше многу тежок момент кога бев повикан на концерт на Игор Џамбазов во „Борис Трајковски“ а беа 40 ден од смртта на Дуле. Не знаев што да кажам, ми беше тешко, не знаев дали треба да одам, што да правам, а од друга страна Игор ми кажа – ние сме тука, ќе ти помогнеме, ова треба да го направиме и поради Дуле…  Отидов и ја отсвиривме „Виолина и гитара“, помина некако…Но, ќе повторам, луѓето не беа дојдени поради мене туку да се забавуваат…Тоа беше мојот прв самостоен настап, не прв, имаше и други но знаете зошто ги имаше? Затоа што беа закажани и не можев да ги одложам…Еден ден ќе морам тие некои работи да ги кажам бидејќи јас сум обичен човек,
од крв и месо, со чувства, и иако имаше многу коментари не сакав да се објаснувам со луѓето, да велам вака или онака, меѓутоа, луѓето кои знаат кои сме биле и што сме биле ги знаат нештата…Тоа морам прво да го докажам на музички план, нашата музика предизвикува емоции а како јас живеам со сето тоа, си знам самиот, но тоа во некое друго интервју.
Г.О.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …