(ВИДЕО) Конечно објавен трејлерот за „Војна на звездите“: Кој е последниот Џедај?

Новиот трејлер за „Војна на звездите: Последниот Џедај“ е објавен после неколку недели чекање.
„Лукасфилм“ конечно претставил подолг вовед во осмото продолжување на вселенската сага чиј тизер имавме можност да го видиме во април.


Трејлерот ги прикажува Реј (Дејзи Ридли) и Фин (Џон Бојег) покрај Лукс Скајвокер (Марк Хамил) кој според се’ се чини дека во продолжувањето ќе има позбележителна улога, бидејќи во седмиот дел се појавил само кусо на крајот на филмот.
Епизодата 8 во режија на Рајан Џонсон ги следи случувањата после успешниот „Силата се буди“ од декември 2015.
Во филмот се враќаат Оскар Ајзак, Лупиго Нјонго, Енди Секрис, Домнал Глисон, Ентони Даниелс и Гвендолин Кристи, а меѓу новите „играчи“ се Кели Мари, Трен, Лора Дерн и Бенисио дел Торо.
Филмот е последно остварување на починатата Кели Фишер, принцезата/командант Лејла која починала во декември минатата година.
„Војна на звездите:Последнит Џедај“ во Македонија се очекува околу 14.декември.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …