Се враќа серијата „Досиеа Х“, а сега е објавен и првиот трејлер за 11. сезона на светски популарната серија…
Ако може да се суди според видео клипот подолг од две минути, Скали и Молдер ќе имаат полни раце работа.
Во приказната се враќа и’ „Пушач“, како и еден од осамените револвераши – Ленгли.
Единаесеттата сезона на „Досиеа Х“ ќе има 10. епизоди кои се надоврзуваат на централната приказна како и две митолошки.
Творецот на серијата, Крис Картер, навестил дека овојпат Молдер и Скали ќе бидат „блиску до бакнеж“, како и дека ќе дознаеме нешто повеќе за нивниот син.
Серијата би требало да се прикажува наредната година.
(ВИДЕО) Прв трејлер за „Досиеа Х“: Скали и Молдер ќе имаат полни раце работа
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.