СУРОВА ОСВЕТА: Девојче (10) лажело дека е злоставувано, родителите го пронашле осомничениот, а потоа го силувале и убиле…

ГРУПА луѓе, наводно, силувале и претепале до смрт невин маж, откако 10-годишно девојче „шегувајќи лажело“ дека ја напаствувал…
Девојчето тврдело дека возачот на камионот, Дмитриј Чикваркин (48), ги допирал неа и друго девојче (3) под половината, откако тој ги одвел кај дадилката во рускиот град Верхњаја Пишма.
Таткото на девојчето, Сергеј Чабин (33) и неговата девојка, Валери Дунаев (25), мајка на друго дете, се обвинети дека го нападнале Чикваркин со помош на тројца пријатели, откако ја слушнале приказната на девојчето.
„Прво го силуваа, а потоа му ја скршија главата со истата цевка. Тие исто така ја нападнале дадилката затоа што таа се обидела да го заштити Чикваркин“, соопштила полицијата.
Возачот на камионот, исто така татко на шестгодишното девојче, бил жив кога групата заминала, но подоцна починал поради повредите.
Дунаева и Кабин, заедно со наводниот соучесник Михаил Иванов (27) биле уапсени откако полицијата утврдила дека обвинението е измислено. Другите двајца мажи кои учествувале во убиството се во бегство.
Сите четворица би можеле да се соочат со доживотен затвор, додека Дунаева би можела да издржи до 20. години затвор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …