Медот би можел да стане алтернатива на антибиотиците со цел на ублажување на грип и настинки

Ново истражување од Оксфорд говори за тоа дека медот може да биде поефикасен од вообичаените лекови што ги користиме за ублажување на симптомите на настинка и грип, пишува Си-Ен-Ен.
Медот може да биде побезбедна, поевтина и достапна алтернатива на антибиотиците, објаснуваат истражувачите од Универзитетот во Оксфорд.
Тие ги охрабрија лекарите да ја разгледаат опцијата да препорачуваат мед наместо антибиотици, што може да предизвика несакани ефекти и да доведе до отпорност на антибиотици кога се користат прекумерно. Медот долго време се користи како домашен лек за кашлица, но неговата ефикасност во лекувањето на вообичаени заболувања не е доволно истражена.


Една студија спроведена во Велика Британија покажа дека медот има подобар ефект врз олеснување на ноќната кашлица. Во ова истражување учествувале 139. деца. Вкупно, биле спроведени 14. студии, а девет од нив вклучувале деца.
Научниците во резултатите наведоа дека медот има моќ да убива бактерии и дека е многу ефикасен во борбата против салмонелата и слични болести.
Со векови стариот лек може да биде потенцијален антибиотик, тврдат научниците, наведувајќи во заклучокот од истражувањето дека во наредниот период ќе биде посветен на понатамошно истражување за ефектите што медот ги има врз здравјето.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …