РЕГИОН – СПРЕЧЕНИ ДВЕ САМОУБИСТВА НА ДЕЦА ПОРАДИ ТИКТОК: Еве од кад ее двигателот на морбидниот предизвик – инспектор им дал совет на родителите!

„Во последните два месеци, припадниците на Федералната полициска управа (ФУП) на БиХ спречија две најавени самоубиства на деца“, рекол инспекторот Саша Петровиќ.
Во последно време се актуелни „предизвиците“ на социјалната мрежа ТикТок, во кои децата се повикуваат да извршат самоубиство, а Петровиќ вели дека не е можно со сигурност да се каже дали ваквите повици ги иницираат најмладите.
Тој истакнал дека, иако е тешко да се контролираат ваквите „предизвици“, можно е да се лоцира оној што ги иницира.
„Дигиталната, како и секоја друга трага, може да се идентификува. Со повик, добиваме информации од други членови на Интерпол, доколку осомничениот е надвор од БиХ. Поточно, овој случај започнал од Русија“, објаснил инспекторот.


Тој додал дека на децата во овие времиња им недостасуваат предизвици и возбуда, како и дека е зголемена употребата на социјални мрежи и доволно е некој да помисли на ваков „предизвик“ и сигурно голем број деца ќе го следат.
„Ние како МВР работиме превентивно и репресивно. Ние работиме превентивно на едукација на деца и репресивно спроведување истраги и следење. Што се однесува до Босна и Херцеговина, таа не е толку критична како што звучи. Не наидовме на случај што не го спречивме пред извршувањето. Имавме две најави за самоубиство во последните два месеци кај децата што ги спречивме“ – рекол Петровиќ.
Петровиќ забележува дека е многу важно родителите да разговараат со своите деца.
„Мислам дека најважен е разговорот помеѓу родител и дете. Според мене, подобро е да се влезе во приватност отколку да се трпат последиците. Проблемот е во тоа што родителите се многу помалку технолошки образовани од нивните деца. Комуникацијата преку училиштето е исто така важна – наставник или педагог со дете“, истакнал Петровиќ.


Фото: FUP//сајбер криминал/Инспектор Саша Петровиќ

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Охрид беше домаќин на 20-тото издание на Меѓународната регулаторна конференција за телекомуникации во организација на …