Пет причини зошто водата е толку добра за нашето тело

Водата е нашиот најголем сојузник во борбата против главоболките
Дехидратацијата на телото може да предизвика главоболки, а понекогаш и онесвестување. Во такви ситуации, нема ништо подобро што можете да направите за вашето тело отколку да испиете чаша вода. За да се избегнат овие болки, се препорачува да се консумираат најмалку 2 литри вода дневно.


Колку повеќе пиеме вода, толку поздраво ќе ни биде срцето
Дали сте знаеле дека крвта содржи 84% вода? Ова значи дека кога сте дехидрирани, крвта станува погуста, така што срцето треба повеќе да работи за да овозможи нејзин проток низ организмот. Тоа секако не е добро и води кон сериозни болести. Не дозволувајте да влезете во таква ситуација, туку донесете одлука веднаш да внесувате значително повеќе вода во вашето тело.

Водата ја регулира температурата на нашето тело
Водата е клучна за регулирање на температурата на човечкото тело. Кога губиме многу вода со потење после напорен тренинг или за време на летните горештини, важно е што побрзо да го надоместите тој недостаток со внесување течности, и би било најдобро во такви случаи да се одлучите за обична вода.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Пелагија Тарсиска

Светата маченичка Пелагија Тарсиска Родена е во градот Тарс, од родители незнабожци, но богати и …