НОВИ ИСТРАЖУВАЊА – Коронавирусот го скратил животниот век на луѓето

Досега се пријавени повеќе од 4,7 милиони смртни случаи предизвикани од коронавирус
Очекуваниот животен век е скратен со појавата на коронавирус за повеќе од шест месеци во споредба со 2019. година, во 22. од 29. земји анализирани во студијата, која ги опфати Европа и Америка.
Пандемијата „Ковид-19“ го скрати животниот век во 2020. година, во најголема мерка од Втората светска војна.
Така, очекуваниот животен век на американските мажи „падна“ за повеќе од две години, се вели во студијата објавена од Оксфорд. Скратениот животен век може да се поврзе со смртни случаи од ковид 19, истакнуваат истражувачите.


Досега се пријавени повеќе од 4,7 милиони смртни случаи предизвикани од коронавирус, според веб страната worldometers.
– Фактот дека нашите резултати го нагласуваат големото влијание на коронавирусот врз скратениот животен век покажува дека пандемијата била разурнувачки шок за многу земји – вели доктор Риди Кашјап, кој е еден од водечките автори на трудот објавен во Меѓународниот весник за епидемиологија.
Во повеќето земји, животниот век е пократок за мажите отколку за жените.
Најголем пад има кај американските мажи чиј животен век е пократок за 2,2 години во споредба со 2019 година. Генерално, коронавирусот во просек одзеде повеќе од една година од животот на мажите во 15. земји и жените во 11. земји.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави поранешниот македонски кајакар Лазар Поповски

Лазар Поповски е роден на 19 мај 1975 година во Скопје. Тој е поранешен македонски …