ГИ ЗБЛИЖИЛА МАКАТА – АНГЕЛИНА И БРЕД ПОВТОРНО ЗАЕДНО: Дошло помирување на славниот пар, а еве која мака ги ПОВРЗАЛА!

Ангелина Џоли и Бред Пит иако веќе не се заедно не значи дека престанале со заеднички сили да се грижат за своите деца.
Нивните две ќерки, Захара и Шилох, имаа операции оваа година, открила Ангелина и потврдила дека сега се чувствуваат добро. Додека за 13-годишната Шилох се знае дека го оперирала колкот,за 15-годишната Захара сè уште не е сигурно на која точно операција била.


Извор за „E! News” потврдил дека Бред и Ангелина биле силно „вклучени додека девојките биле во болница“. Покрај тоа, Бред ги прескокнал и наградите БАФТА за да биде со нив.
Според изворот, некои од браќата и сестрите секојдневно доаѓале и се грижеле за нив.



“Тие беа трпеливи и спремни да помогнат. Тие носеа карти за играње и играле. Тоа навистина покажува дека се многу блиско семејство. Ангелина беше особено фокусирана на тоа Захара и Шилох да заздрават што е можно побрзо”, изјавил во тоа време извор во болницата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …