Надин Дорис, министерка за здравство на Обединетото Кралство,се тестирала за коронавирус а резултатот бил позитивен, па таа се приклучила на бројот на заразени лица кој надминува 380. во земјата.
Според БиБиСи, Дорис е првиот член на владата и парламентот што е заразен со коронавирус. Откако дознала дека тестот е позитивен, министерката се изолирала во својот дом.
Во Велика Британија досега починале шест лица, додека 382. се заразени.Последната смрт е пријавена кај 80-годишник кој страдал од хронично заболување.
Во меѓувреме, англискиот институт за здравствено осигурување обезбедил дополнителни тестови бидејќи се очекува бројот на заразени лица брзо да се зголеми.
Поради сегашната состојба, која исто така вклучува економски шокови, британската влада би можела да го одложи гласањето и објавувањето на националниот буџет.
СВЕСНА ПОЛИТИЧАРКА: Британската министерка за здравство сама се ставила во карантин!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.