Поранешната манекенка и водителка Кели Брук, која пред неколку години ја доби титулата за најсекси жена на светот, се омажи за својот долгогодишен партнер Џереми Париси.
View this post on Instagram
Свадбената церемонија се одржала во Италија, родната земја на младоженецот, во градот Чивитавекија, познат по својата прекрасна, специфична историска архитектура.
View this post on Instagram
Кели се одлучи за долга традиционална венчаница во А линија со детали од скапа тантела, и проѕирни ракави и деколте. Изданието го комплетирала со долг вел, но и со тијара во косата.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Да потсетиме, Кели Брук во 2005. година беше изгласана од машката публика во магазинот For Him за жена со најпосакуваното тело на планетата, а тоа го докажа и студијата на Универзитетот во Тексас во 2016. година, во која оваа Британка е прогласена за најубава жена на светот.
View this post on Instagram
Манекенката низ годините качила неколку килограми и иако била мета на негативни коментари, истакнала дека е „посреќна од било кога“.
Фото: Принтскрин/Instagram