(ФОТО) Џејмс Бонд аукција – Aston Martin, Jaguar, Land Rover

Се нудат голем број артикли, а кога се во прашање автомобилите, најзабележителен е последниот филм од серијата, „Нема време за умирање“.

View this post on Instagram

A post shared by James Bond 007 (@007)



Палетата започнува со Jaguar XF управуван во филмот од страна на негативците во потрага по Бонд и Медлин Свон. Се очекува да достигне цена од 70.000 фунти. Во понуда е и Range Rover SVR, кој би требало да чини најмалку 80.000 фунти.
На аукција се најде и Land Rover Defender Bond Edition. Придвижуван од V8 мотор, овој модел не се појави во филмот, но е дел од ограничената серија од 300. примероци и единствениот со значката „60 години Бонд“.

View this post on Instagram

A post shared by James Bond 007 (@007)



Се проценува дека ќе предизвика голем интерес, а со тоа и цената од 300.000 фунти. Беше понуден и Defender од филмскиот сет, кој може да поскапе.

View this post on Instagram

A post shared by James Bond 007 (@007)



Конечно, тука се и Aston Martins. Посебно интересен е моделот V8, кој се појавува во филмот со Даниел Крег, а буди спомени на моделот од The ​​Living Dailights. Доволно за да се добие цената до 700.000 фунти.

View this post on Instagram

A post shared by James Bond 007 (@007)


Конечно, како врв на понудата доаѓа репликата на DB5 која е произведена исклучиво за снимањето на најновиот филм. Има модерен шестцилиндричен 3.2 мотор и мануелен менувач, а и покрај оштетувањата е најскапиот експонат чија цена се проценува на два милиони евра.
This image has an empty alt attribute; its file name is nov-dzems-bond.jpg
Да речеме и дека дури и љубителите на скромен буџет ќе најдат интересни предмети на аукцијата. Се нудат различни костими, куфери, па дури и маски од филмот Spectre. Почетокот на лицитацијата е најавен за 15 септември.

Фото: Принтскрин/ Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Perplexity Pro – една од најнапредните AI алатки за пребарување, достапна бесплатно една година за сите Телеком корисници

Сите корисници на Македонски Телеком отсега ќе можат да ја користат Perplexity AI, една од …