(ФОТО) САМО ЛУЃЕ – Бен Афлек се фаќал за глава, мавтал со рацете, викал пред поранешната сопруга…

Актерот и неговата поранешна сопруга се фотографирани пред училиштето на нивните деца во жестока расправија.
Папараците ги „уловиле“ Бен Афлек и Џенифер Гарнер во повеќе од непријатна ситуација.
Пред училиштето во кое учат нивните деца во Санта Моника, Бен бил „фатен“ во дискусија со поранешната сопруга Џенифер Гарнер, а колку попуштиле „кочниците“ сведочи и неговото насилно однесување.
Порталот „Page Six“ објавил дека Афлек бил виден како „мавта со рацете со експресивни реакции на лицето. Во еден момент дури и зјапал во поранешната сопруга со ококорени очи“.

This image has an empty alt attribute; its file name is ben-aflek-1.jpg


Оскаровецот иако бил вознемирен, изгледа не и се налутил на мајката на неговите три деца, Вајолет (16), Серафина (12) и Семјуел (9).
This image has an empty alt attribute; its file name is ben-aflek.jpg
Од друга страна, Гарнер изгледала многу посмирено од нејзиниот поранешен сопруг, а во некои случаи дури и се насмевнала, сигнализирајќи дека таа не е цел на неговиот гнев.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Џорџ и Амал Клуни организираат петдневна хуманитарна забава: Билетите чинат 250.000 долари

Тие решиле хуманитарната акција да ја организираат на нивниот имот на езерото Комо. Холивудскиот актер …