ДОЗНАВ ДЕКА ЈАС И БРАТ МИ НЕМАМЕ ИСТ ТАТКО: Ја откри најголемата СЕМЕЈНА ТАЈНА, нејзината мајка имала афера со ОВОЈ ЧОВЕК!

Девојката, која сакала да остане анонимна, испратила мејл во кој напишала дека неодамна дознала дека нејзината мајка го изневерувала татко и, и дека таа всушност нема роден брат.
– Само што дознав дека јас и брат ми имаме различни татковци. Тоа е тајна во моето семејство со години. Бевме на забава за да го прославиме 60-тиот роденден на тато, во луксузен хотел кога тетка ми ми’ ја откри вистината – напишала една девојка до „The Sun“.
Имено, нејзината мајка имала афера со нејзиниот оженет шеф неколку години пред нејзиното раѓање. Нејзиниот татко работел напорно во тоа време а овој шеф се сметал за најуспешниот човек во градот, но таа не очекувала да биде и татко на нејзиниот брат.

– Толку сум лута на моите родители што го кријат тоа од мене. Не знам што да правам со оваа информација, но чувствувам дека треба да разговарам со некого за тоа. Дали треба да разговарам со моите родители и да му кажам на брат ми или да се преправам дека ништо од ова не се случило? Не знам ни дали тој ја знае вистината. Го сакам брат ми, но дали да му кажам дека татко му не ми е татко?“, продолжила таа.


This image has an empty alt attribute; its file name is horoskop-i-stres-1.jpg

– Жал ми е што мораше да дознаеш вака. Вознемирувачки е да се дознае оваа информација подоцна. Треба да разговарате со вашите родители. Можеби донеле одлука да не ви кажат затоа што не сакале да предизвикаат болка или збунетост, а можеби и не сакале да имате лош впечаток за вашата мајка – започнала психотерапевтката Дејдре.
-Татко ти беше татко на брат ти во секој поглед. Тој беше оној кој беше со него додека растел. Тоа што не му е роден татко не го менува тоа. Но, семејните тајни се штетни и ако вие сте ја дознаеле вистината, веројатно ќе ја дознае и вашиот брат, ако веќе не ја знае. За него би било далеку подобро да ја дознае вистината од родителите отколку од некој друг – заклучила таа.


Извор: The Sun

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …