(ВИДЕО+ФОТО) Погледнете си сателитски снимки пред и по торнадото во САД

Се стравува дека десетици луѓе загинаа откако 30. торнада поминаа низ шест американски држави во ноќта од петокот кон саботата.
Меѓу срушените згради се фабрика за свеќи во Кентаки, дом за стари лица во Арканзас и складиште на Амазон во западен Илиноис.


Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, рекол дека ова се најразорните торнада во историјата на државата. Околу 40 работници биле спасени од фабриката за свеќи во која се наоѓале повеќе од 100 луѓе, а Бешеар вели дека ќе биде „чудо“ доколку спасувачите извлечат уште живи работници од урнатините.
„Веројатно ќе има повеќе од 100. животи изгубени овде во Кентаки“, рекол Бешеар на прес-конференција.


„Сè што им се најде на нивниот пат исчезна“
„Сè што им беше на патот исчезна. Куќи, фирми, владини згради – тие штотуку исчезнаа“, рекол Бешеар откако излегол на терен.
Сателитските снимки го откриваат степенот на уништувањето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски на 15 мај со почеток во 20.00 часот во рамките на меѓународниот фестивал 52. „Мајски оперски вечери“

Безвременскиот, волшебен класичен балет „Заспаната убавица“ преточен во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски ќе …