АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува многу нестабилно време со чести врнежи и грмежи – Можно е невреме, додека температурите ќе бидат под просекот за средината на Мај

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Денес поплдне особено во западните и во југозападните предели од државава ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Температурите денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.


Во Скопје и околината очекуваме претежно стабилна Атмосфера, а температурата денес во Скопје ќе се искачи до околу 25 степени.

Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, утре и во среда на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Утре попладне на повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна појава и на невреме.


Што се однесува до температурите , од утре до четврток тие ќе бидат под просекот за средината на месец Мај и ќе се искачуваат во интервалот само од 12 до 20 степени. Само во најтоплите централни и југоисточни предели тие можно е да се искачат малку над 20 степени. Појава на локален дожд ќе има и во четврток.

За време на овој влажен бран, локално се очекува да наврне поголемо количество на воден талог (над 20 л/м2).


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворен е повикот за пријавување групни маски за манифестацијата „Сусурига 2025“

Општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“со задоволство го најавуваат организирањето на …