Денес роденден слави нашиот поранешен борач, освојувач на два бронзени медали на Олимписките игри Шабан Сејдиу

Шабан Сејдиу е роден е на 6 мај 1959 година во Блаце, општина Чучер-Сандево, Скопје. Сејдиу е со албанско потекло. Бил член на Скопскиот боречки клуб, а го тренирал истакнатиот тренер Ристо Таков.

Сејдиу се натпреваруваше на неколку Летни олимписки игри: 1976, 1980, 1984 и Летни олимписки игри 1988 година. Тој освои бронзени медали на Олимпијадата во Москва и Лос Анџелес.


Настапуваше на Светското првенство во борење во 1977 година во Лозана и во Скопје во 1981 година, и на двете освои сребрени медали. Советскиот борач и освојувач на олимписки и светски златни медали, Сајпула Абсаидов, го спречи во двата наврати на Олимписките игри во Москва и на Светското првенство во борење во 1981 година.

Добитник е на наградата „Златна значка“ од дневниот весник Спорт за најдобар спортист на Југославија во 1977 година. Негова ќерка е познатата пејачка Алтуна Сејдиу – Туна.


Среќен роденден Шабан, ти посакува редакцијата на Екран.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет работи можат да ви го продолжат животот и да ве направат среќни

Прашањето за среќата е една од најголемите задачи на секој поединец денес Среќата ја бараме …