Проекција на филм и трибина на тема: „Процеси, терапевтски практики и грижа во и вон институциите за ментално здравје“

На 13 мај (понеделник) во 20.00 часот во КСП Центар-Јадро ќе се одржи проекција на филм и трибина на тема: „Процеси, терапевтски практики и грижа во и вон институциите за ментално здравје”
Проекција на документарниот филм „Беласица” (2023) на режисерката Марија Апчевска и трибина на тема менталното здравје во 21виот век на која ќе учествуваат:

Ѓорѓе Хаџи-Анѓелковски, психијатар кој промовира нови решенија за третман на менталните растројства и промотор на процесите за де-инстуционализација.


Анче Каевска – професор, гешталт терапевт и долгогодишен реализатор на гешталт работилници.

Јасмина Лукановска, специјален едукатор и рехабилитатор, Арт окупационен терапевт со долгогодишно искуство во работа со деца со попреченост.


Филмот „Беласица” го следи и го доловува богатото секојдневие на живеењето во заедница, за луѓето кои го поминале најголемиот дел од својот живот во институции. (https://www.facebook.com/CapacityBuildingforCommunityBasedServices)
Овој проект се реализира од месец јануари до мај во рамки на програмата Артс Хаб, на КСП Центар- Јадро, а се остварува со финансика поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во МНТ ќе биде изведена претставата „Не се клади на Енглези“

Вечерва во Македонскиот народен театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да …