“АЈДЕ ДА ИМАМЕ СЕКС” ВЕЧЕРВА ПРЕМИЕРНО ВО ЈАВНА СОБА

Вечерва во 21:00 часот, во Јавна Соба премиерно ќе се одигра претставата “Ајде да имаме секс” работена според текст на Валентин Красногоров.

Приказната следи неколку ликови кои се изгубени во своите илузии за животот и низ сексот пробуваат повторно да се пронајдат себеси. Улогите ги толкуваат Никола Кузелов, Ангела Димитрова, Нела Павловска, Виктор Велевски, а позајмениот глас на ликот на сестрата е на Тања Кочовска.


Претставата е финансирана од Министерство за култура и истата е наменета за гледачи над 16 години. Капацитетот на публика е ограничен на 60 гледачи и премиерата е целосно распродадена. Билети за следната изведба која е закажана за 14.05 во 21:00 часот може да се набават на веб сајтот ДРУГА СТРАНА.

.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во МНТ ќе биде изведена претставата „Не се клади на Енглези“

Вечерва во Македонскиот народен театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да …