ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално по силно невреме – Можни се локални поројни поплави

Метео прогноза на Славчо Попоски:

До самиот крај на месец Мај во Македонија ќе се задржи значително топло со макасимални температури кој ќе бидат околу просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, но и понатаму ќе биде многу нестабилно.


Често, и тоа особено во попладневните и во вечерните часови ќе се развива нестабилна облачност, на повеќе места проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно останува и во Скопскиот регион, во попладневните часови со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Високите температури кои ги имаме и топлиот бран од југ, позначително ја загрева Атмосферата и ја исполнива со многу енергија. Токму поради ова до самиот крај на овој месец, локално ќе се создаваат услови за локално, но по силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да услови локални поројни поплави, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град, кој би можел да биде и по крупен.


Токму поради ваквата состојба апелираме на крајна внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат и да се ставаат подалеку од дрвјата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на романот „Победникот беше таа“ од Викторија Костадиновска

Вечерва во Збор Книжарница-кафе во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе биде промовиран првиот …