(ФОТО) ХУМАНА ПЕЈАЧКА: Пинк ветила дека ќе донира 500.000 долари за пожарникарите во Австралија

Поп-sвездата Пинк ветила дека ќе донира половина милион долари за локалните служби за противпожарна заштита во Австралија, напишала таа на својата официјална страница на Фејсбук и Твитер.
Таа е крајно очајна, рекла пејачката, додека ја гледа моменталната катастрофа што се случува во Австралија со пожарите.
„Ветувам донација од 500.000 УСД на локалните противпожарни служби кои јуначки се борат. Моето срце е со нашите пријатели и семејството во Австралија“, напишала Пинк на социјалните медиуми.


Пејачката на социјалните медиуми објавила и каде другите луѓе кои сакаат можат да донираат пари. Во пожарите што ја зафатија Австралија, последните неколку месеци, досега загинаа 23. лица. Смртоносните пожари, кои траат од септември, веќе изгореа околу пет милиони хектари земја и уништија над 1.500 домови.
Оваа популарна пејачка во моментов има пауза од пеењето. Таа се фокусира на личниот, семејниот живот а последните две години ги мина патувајќи низ светот, како дел од светската турнеја „Beautiful Trauma World Tour”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 12-ти до 14-ти декември по 9-ти пат ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „ Winter Apricots“

Во Прилеп, од 12-ти до 14-ти декември ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“. …