Колкаво е богатството на Хоакин Феникс после филмот „Џокер“?

Хоакин Феникс го минал патот од детски ТВ актер до холивудска sвезда со помош на филмови како „Гладијатор“. Последниот филм во кој глуми Феникс, „Џокер“, доби повеќе номинации за Златен глобус, што секако се одразува и на неговото богатство.
Феникс зборува доста отворено за неговото детство, па дури и за неговиот однос со колегата Руни Мар, но помалку се знае за неговиот финансиски статус. Еве што знаеме за тоа.

За почеток, страницата „Celebrity Net Worth“ го проценува неговото богатство на 35. милиони долари.
Последниве неколку години, Феникс глуми во филмови како „Таа“ и „Вродени мани“, според „Men’s Health. “.
Неговата плата е различна во текот на неговата кариера. „Гладијатор“ е, се разбира, филмот од кој Феникс максимално заработил. Сепак, не е познато колку пари добил за улогата.
Исто така, не е познато ниту колку е платен Феникс за неговата улога во „Џокер“, но објавено е дека тој прифатил помала плата во замена за процент од заработката на филмот. Според некои пресметки, ако тој добил најмалку 5 проценти од заработката на филмот, тоа би значело 25. милиони долари.

Филмот „Џокер“ заработи над една милијарда американски долари во благајните низ целиот свет, и во моментов е првиот на списокот на филмови со ознаката „Р“.
Феникс поддржува многу организации како што се Амнести Интернешнл или Мировниот сојуз. Тој е исто така на одборот на директори на Фондацијата „Ланчбокс“, непрофитна организација која секојдневно им нуди оброци на студентите во Јужна Африка.

Тој е веган, како и активист за права на животните. Тој се појави во рекламите на ПЕТА и исто така беше наратор во документарецот од 2005. година за тоа како луѓето економски зависат од животните.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …