(ВИДЕО) Најисчекувани филмови во 2020.: Акциони и семејни филмови кои ќе ги полнат киносалите

Годината зад нас беше богата во однос на филмските хитови, а веќе излезе списокот со најочекуваните филмови во 2020 година.
„Гардијан“ направи список на филмови што треба да ги полнат киносалите во 2020. година. Овие се семејни и акциони филмови.

Mulan


Во оваа година познатите цртани филмови на Дизни „The Lion King“, „Aladdin“, „Dambo“, „Maze and the Moon“ веќе ги добија своите римејкови, а 2020. година е резервирана за „Мулан“. „Гардијан“ пишува дека овој филм ќе ја врати публиката во кината и ќе биде еден од најгледаните. Филмот ја следи приказната за една млада девојка маскирана како маж да се приклучи на кинеската армија наместо нејзиниот татко.


“The Witches”


Во филмот „Вештерки“ од 1990 година, главната улога ја толкува легендарната Анџелика Хјустон, а сега таа улога ќе и припадне на Ен Хатавеј. Декствието на филмот е сместено во Алабама во 1960-ттите и е во режија на Роберт Земекис.

“Onward”

Ова е приказна за двајца џуџиња на кои гласовите им ги позајмија Том Холанд и Крис Прат. Двајцата се обидуваат да го вратат во живот нивниот татко. Се разбира, како и во секој филм како овој, нешто тргнува наопаку, па тие само успеваат да ги вратат нозете во живот и да имаат 24. часа да го решат проблемот.

“The Secret Garden”

Славниот филм од деведесеттите години добија своја адаптација, овојпат со Колин Фирт во една од главните улоги.

“Ghoustbusters”

Филмот за истерувачите на духови во кој главните улоги во 2016. година ги толкуваат жени со Мелиса Мекарти и Кристен Виг на чело не го воодушеви светот. Тоа веројатно објаснува зошто последниот филм во серијата директно го следи оригиналот од 1984. година и продолжението од 1989. година. Во филмот глумат Џејсон Рајтман како Пол Рад, Кари Кун и Фин Волфард. Ден Акројд, Бил Марел и Сигурни Вивер се појавуваат во оригиналните улоги што ги толкуваа во првиот филм. Филмот се одвива во сиропиталиште во Јоркшир, јавува Би-Би-Си.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава „Не можам да платам, не сакам да платам“

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир …