Премиера на театарската претстава „Не можам да платам, не сакам да платам“

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир Николовски е новата претстава на Кумановскиот театар, која премиерно ќе биде прикажана вечерва, со почеток во 20:00 часот во НУЦК Трајко Прокопиев во Куманово.

Текстот е актуелен и денес, иако е пишуван во 70-тите години од минатиот век, информираа од театарот на неодамна одржаната прес-конференција.


– Сѐ започнува со хаосот во еден супермаркет, по силен протест на голема група жени незадоволни од исцрпувачката инфлација, енормното и секојдневно поскапување на цените и константното осиромашување. Духовитите и сатирични дијалози и настани силно удираат по општествените апсурди и видливи слабости, многу актуелни и во нашето време и на нашите места. Борбата на ликовите за класна и социјална правда, етичност и економска сигурност драстично се отежнати од принудната борба за преживување во погрешниот систем во кој живеат. Нивната (не)спретност во тие борби може да нѐ замисли, но повеќе од сигурно е дека добро ќе нѐ насмее.

Во претставата играат Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Давид Илиќ, Владанка Крстевски, Жарко Јовановиќ. Тие ја повикаа публиката да ја проследат и премиерата и репризите кои следат.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет работи можат да ви го продолжат животот и да ве направат среќни

Прашањето за среќата е една од најголемите задачи на секој поединец денес Среќата ја бараме …