Еве колку чинеше породувањето на сопругата на Жељко Јоксимовиќ: Стандардни цени или по холивудски терк?

Според цените кои се шират по медиумите Белград „дебело“ каска зад скопските стандардни цени…

Јована Јоксимовиќ, сопругата на Жељко Јоксимовиќ, пред два дена на свет донесе две бебиња, девојчиња, Ана и Срна.
Таа се породила со царски рез, во приватна болница во Белград.
На породувањето присуствувал и’ Жељко, а за сопругата Јована, порордувањето и грижата за неа познатиот пејач платил околу 400.000 динари (околу 3.300 евра) на приватната болница плус дополнителни трошоци за еднокреветниот апартман.
Самото породување, со царски рез, во таа клиника чини 369.000 динари, а присуството на таткото во салата се плаќало дополнителни 12.000 динари.
„Жељко за својата сопруга сакаше да има најдобри услови, па плати еднокреветен апартман. Заедно го избраа гинекологот, а Жељко беше со неа цел ден. Јована се породи околу два часот по полноќ а тој ни потоа не си замина, туку остана и чекаше да се разбуди Јелена и да ги види бебињата и него први“ – вели извор близок на семејството.
И, дали е ова по холивудски терк или „нормални“ цени по приватни клиники за овие услуги. Па, породување со царски рез, по приватните клиники во Скопје пред десетина години чинеше и до 3.000 евра…Според цените кои се шират по медиумите Белград „дебело“ каска зад скопските стандардни цени…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …