КОРОНАВИРУС – Стравот е нормален одбранбен механизам, но внимавајте… Ова сите мора да го прочитаат!

Почитувањето на основните пропишани мерки обично е сосема доволно да се избегне заболувањето…

Каде и да се свртите и какви и да се весниците или портали што ќе ги прочитате, тешко дека ќе успеете да се изолирате од горливата тема – вирусот корона.
Во Македонијас веќе неколку дена се во сила специјални препораки на владата, луѓето во паника создаваат резерви од прехранбени артикли и откако беше откриен првиот случај на коронавирус во нашата земја, сите зборуваат за опасност, а честопати слушаме совети „без паника“. Сепак, една работа е да се каже а нешто друго да не се прави паника во реалноста.



Сосема е нормално да се плашиме од епидемијата и да сториме сè што можеме за да се заштитиме од вирусот корона. Она што не треба да го направите е да го потиснете стравот. Стравот е совршено нормално човечко оружје за да се избегнат проблемите. Нека ја исполни својата мисија, но уверете се дека стравот ви служи вам, а не вие нему.
Бидете во чекор со новите информации за епидемијата, ова е совршено нормално и прифатливо однесување. Информациите ни служат за да можеме да ги прилагодиме нашите секојдневни животи и да ги испланираме нашите обврски и активности, истовремено заштитувајќи се себеси и своите најблиски.
Наместо да правите паника и да ширите страв, прифатете ја реалната ситуација и запрашајте се што можете да направите и што веќе правите за да ја направите ситуацијата подобра.


Ако можете да ги набавите, носете маска и очила.
Обезбедете си на себе и на вашето семејство она што ви треба, но без да претерувате и манично да купувате резерви за една година – ова создава само дополнителен стрес, а притоа другите ги оставате да не можат да се заштитат.
– Избегнувајте јавни собири, одложувајте патувања.
– Ако имате опции, одете на село – значително почистиот воздух може многу да помогне.
– Бидете позитивни, не го замислувајте најгрдото сценарио – ништо не знае да нè уништи како психата.
– Избегнувајте контакт со лица кои страдаат од респираторни проблеми, одржувајте безбедно растојание.
Почитувањето на основните правила и препораки на надлежните обично е доволно за да се избегне болеста, па затоа уште еднаш потенцираме – паниката никогаш не направила ништо добро, но правилното реагирање е!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот праведен и многустрадален Јов

Светиот праведен и многустрадален Јов Јов беше потомок на Исав, внукот Авраамов и живееше во …