(ФОТО) Бившата Бонд девојка потврдила дека има коронавирус

Поранешната Бонд девојка обелодени дека и е дијагностициран коронавирус.
Олга Кириленко, која ја глумеше Камила Монтес покрај Даниел Крег во Бонд од 2008, „Quantum of Solace“, вчера ја споделила веста на нејзиниот официјален профил на Инстаграм.
Родената Украинка која од модел и неколку телевизиски појавувања глумеше во филмовите „Magic City” и „The Man Who Killed Don Quixote”, напишала дека „после тестирањето на коронавирус е заклучена дома“.


„Фактички болна сум скоро цела недела. Треската и главоболката ми се главните симптоми“, напишала Кириленко во описот на фотографијата. „Грижете се за себе и ова сфатете го многу сериозно“, порачала глумицата.


Во Холивуд веќе се создава паника околу коронавирусот бидејќи после Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон, на кои исто таа им било дијагностицирано ова заболување, Кириленко е третата личност со позитивен тест.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава „Не можам да платам, не сакам да платам“

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир …