Идрис Елба е последната ѕвезда која е позитивна на тестот за коронавирус…
47. годишната филмска ѕвезда во видеото вели дека тој сега се чувствува подобро но ги замолува обожавателите да останат позитвни но и многу внимателни.
Актерот Идрис Елба открил дека тестот за Ковид-19 покажал дека е позитивен.
Ѕвездата во видеото на Твитер вели дека е добро и дека нема симптоми.
Елба (47) откако открил дека е заразен се самоизолирал.
„Останете дома луѓе и бидете позитивни“, вели тој.
„Редовно ќе ве известувам како се чувствувам. Не правете паника“.
Елба во видеото открива дека во изолацијата со него е и сопругата Сабрина Дор, која не се тестирала и која се чувствува добро.
Познатиот глумец открил и дека се тестирал откако во петокот бил во контакт со некого кој го има вирусот.
„Ова е сериозно“, вели тој. „Сега е време кога навистина мораме да мислите на дистанците и што почесто да ги миете рацете“.
This morning I tested positive for Covid 19. I feel ok, I have no symptoms so far but have been isolated since I found out about my possible exposure to the virus. Stay home people and be pragmatic. I will keep you updated on how I’m doing 👊🏾👊🏾 No panic. pic.twitter.com/Lg7HVMZglZ
— Idris Elba (@idriselba) March 16, 2020
Елба на фановите ги потсетил дека сега е време на вистинска искреност.
„Транспарентноста е можеби најдобрата работа за ова сега. Ако не се чувствувате добро, туку болно, морате да се тестирате, или ќе го експонирате вирусот на некој друг, па направете нешто по тоа прашање“.
Актерот на 4. март присуствувал на настанот „We Day“, на Вембли арената во Лондон, каде била и Софиа Грегор Трудо, сопругата на канадскиот премиер, Џастин Трудо, која е исто така позитивна на коронавирусот.
Елба не е првата филмска ѕвезда на која и е дијагностициран вирусот. Холивудскиот актер Том Хенкс и неговата сопруга, Рита Вилсон, минатата недела соопштија дека тестот покажал дека се позитивни на коронавирусот. Тие се во карантин во Австралија.