Иако алармантната ситуација во која се најде цел свет многумина нашла неподготвени, луѓето не престануваат да докажуваат дека духот сеуште не им е скршен. Пандемијата на коронавирус го променила секојдневието, а бројот на заразени во повеќето земји и понатаму расте.
Една од најпогодените европски земји е и Шпанија, поради што тамошното население е ставено во карантин.
Омилена забава им се социјалните мрежи, а една од нив станала вирална. Имено, Шпанија се труди да го одржи здравиот дух, но и телото здраво па спонтано организирале заедничко вежбање.
„Не се прескокнува вежбањето во Севиља која е во карантин. Тоа што сме раздвоени, не значи дека не можеме заедно да ги совладаме предизвиците. Ентузијастичен тренер од кровот го предводи групниот тренинг, а луѓето се придружуваат од балконите. Призорите како овој не потсетуваат да бидеме благодарни на се што имаме, да останеме позитивни, да се држиме заедно и меѓусебно да си бидеме поддршка во овие тешки времиња“, пишува во описот на видеото кое го прегледале повеќе од 500.илјади луѓе.