(ФОТО) Кејт Мидлтон после три години и ја презела ласкавата титула на Меган Маркл

Откако се свршила за принцот Хари, Меган Маркл го залудела светот.
Таканаречениот „Меган ефект“ по малку ја фрлил во сенка сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, која веќе три години не е највлијателна трендсетерка на британското кралско семејство. Но, оваа година работите се промениле во нејзина полза.


Имено, откако Меган и Хари објавиле дека се откажуваат од кралските титули и должности и дека некое време ќе се повлечат од јавноста, Кејт повторно станала најголема модна инфлуенцерка на семејството, пишува Harper’s Bazaar.



Анализата на онлајн продавницата LovetheSales.com покажала дека аутфитите во оваа година поттикнале пораст од 159 отсто во онлајн побарувачката на слични парчиња.


Од друга страна, модните избори на Меган оваа година поттикнале скромни 38 отсто пораст во побарувачката за слични или исти парчиња кои таа ги носела. Така Меган, која од 2017. година била највлијателна модна инфлуенсерка од кралското семејство, оваа година, првпат, дошла на второ место.


Модните стручњаци сметаат дека за тоа е подеднакво одговорен и т.н. Мегзит, како и фактот дека Кејт оваа година направила значително свртување во својот стил и дека нејзините аутфити станале одважни и поинтересни отколку претходните години.
Во продолжение ќе ве потсетиме на некои нејзини највпечатливи годинешни изданија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …