Ви донесуваме рецепт за напиток кој ќе ви помогне да се изборите со настинките и вирусите…
Состојки за три сервирања:
600 мл вода
парче ѓумбир (околу 3 см)
половина лимон
1 лажица мед
Подготовка: ситно изрендајте го ѓумбирот, залијте го со вода, додајте лимон и мед. Убаво измешајте а потоа исцедете.
Напитокот можете да го пиете сами на три пати или да го поделите со домашните.