(ВИДЕО+ФОТО) Со коронавирус се заразила на домашна забава: Открила како сфатила дека има вирус!

Американката Елизабет Шнајдер на домашна забава добила коронавирус, а за CNN одлучила да ја сподели својата приказна за да ги предупреди другите да бидат повнимателни.
„Верувам дека се заразив на домашна забава. Таа забава се одржа во сабота на 22. февруари. Три дена подоцна почнав лошо да се чувствувам, уморно, чувствував болки во телото, имав главоболка, чувствував треска. Мислев дека сум само уморна бидејќи бев излезена преку викенд. Малку заспав, а кога се разбудив имав температура, малку повеќе од 38. степени. До вечер се крена на 39,5“, раскажала Елизабет.


Вели дека тоа ниту на крај на памет не и било дека би можело да станува збор за коронавирус бидејќи немала симптоми за кои најмногу се зборувало. „Не кашлав, немав никакви респираторни проблеми, не чувствував проблеми во градите ниту имав кус здив“, објаснила.
Од десетина луѓе кои биле на забавата баш сите се разболеле истиот ден и некаде во исто време, објаснила Елизабет и додала дека тогаш сфатила дека би можело да станува збор за нешто многу посериозно, односно за коронавирус.
Вели дека болеста траела помеѓу 10 – 16 дена а дека некои имале и симптоми како проблеми со столицата или мачнини.
Елизабет тврди дека голем проблем е што тестирањето не е достапно на голем број луѓе поради што многумина симптомите ги припишуваат на настинка или некоја друга болест.


„Се надевам дека мојата приказна ќе помогне некој да не се разболи или некои ќе поттикне да се тестираат пред да се разболат повеќе и заразат некои други“, заклучила во својата објава на Фејсбук профилот каде исто така ја споделила својата приказна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Со цело срце за нечие подобро утре“ – хуманитарна изложба на автомобили

Денес на паркингот кај градски базен во Куманово во период од 10:00-17:00 часот, ќе се …