(ВИДЕО) Мијата го претстави новото видео „REGRET“

Мијата го претстави новото видео со песната „REGRET“ која е дел од нејзиниот албум „Небеска“, а која дури сега во овие кризни времиња дочека своја видео илустрација.
REGRET e производ на соработката на Мијата со Давор Јорданoвски кој се потпишува како аранжер а таа е автор на музиката и текстот.
Продуценти на песната се Давор Јордановски и Ѓоко Мишковски, а снимена е во Big Bang Music Recording Studio во Торонто како и во Rock’n Roll студио од Скопје (кој беше воедно и издавач на албумот „Небеска“).
Видеото го изработи Иван Куртевски.
„Иако песната ја темпирав за месец март како Месец на Жената, со новонастанатата ситуација текстот на REGRET добива уште подлабока и универзална симболика“, вели Мијата, која додава дека изразува и голема благодарност до Бане Поповиќ кој дозволил да користат материјали оригинално снимени од Томато Продукција.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Боемска рапсодија со Гоце Пејковски и одбележување 25 години кариера

Гоце Пејковски годинава одбележува 25 години успешна музичка кариера и токму по тој повод, како …