(ФОТО) „Се вратив“: Арнолд Шварценегер се врати дома по отворената операција на срце!

Пред неколку дена пишувавме дека познатиот Терминатор, Арнолд Шварценегер, имаше отворена операција на срцето, а по освестувњето првите зборови што ги кажал биле „Се вратив“ – неговата позната реплика од хит филмовите.
Поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер (70) по операцијата на срцето се врати дома.
Како што на Твитер соопшти Даниел Кечел, неговиот портпарол, актерот е во одлична здравствена состојба но на фотографиите се гледа дека е доста исцрпен.
„Јас сум назад, се вратив, изјави поранешниот шампион во бодибилдинг кога се разбудил по операцијата.
Ѕвездата на „Payer“,„Predator“ и „Total Recall“ по излегувањето од болница напиша: „Точно, се вратив“, алудирајќи на познатата реплика од „Терминатор“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …