Еве какво ќе биде времето за празниците – од денеска до вторник

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а во југоисточните делови ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од пет до 12., а дневната од 16. до 22. степени.
Во Скопје слично време, умерено облачно со слаб до умерен северен ветер.
Температурата ќе биде во интервал од 9. до 19. степени.
Како што соопшти УХМР, од недела следува период на претежно стабилно и топло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени. Најсончево ќе биде во недела, а краткотрајно наоблачување со услови за појава на слаб локален дожд во западните делови ќе има во понеделник попладне.
Во понеделник времето ќе биде сончево со мала умерена локална облачност.
Во западните делови облачноста краткотрајно ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од два до девет степени, а дневната од 18. до 24. степени.
Времето во вторник ќе биде сончево со мала до умерена облачост и со слаб западен ветер. Утринската температура ќе се движи од три до девет степени, а дневната од 17. до 24. степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …