Американската манекенка Бриана Лопез го исчистила своето лице од акни со помош на природни лековити производи. Таа на својот Инстаграм профил објавила фотографија пред и после како и целосната метода која ја употребувала цел месец.
Во замена на скапите и болните козметички третмани, моделот Бриана одлучила да се обиде на природен начин да ја исчисти кожата од акни. Како што вели таа за 30 дена успеала да го направи тоа, а резултатите биле навистина фантастични.
“Тоа беше навистина тежок период за мене, понекогаш ќе се заклучев во соба поради тоа што не сакав да се гледам со никој, дури ни со моите родители”, вели Бриана.
Чистење со масло
Првиот чекор е длабинското чистење. Таа употребувала масло од јојоба, а го нанесувала на кожата со нежни движења, како масажа. Маслото се отстранува со топла крпа или ракавица за чистење на шминка. Своето лице го чистела два пати дневно.
Маска за лице
После чистењето со масло следува маска за лице. Бриана употребувала 2 лажици мед помешани со цимет и куркума. Маската ја чувала околу еден час.
Хидратација
Следниот чекор е хидратација. Манекенката употребувала серум кој се добива од шипка и масло од морков, а во него додавала неколку капки масло од лаванда. Мешавината ја ставала на влажна кожа.
Борба со лузни
За да ја ублажи видливоста на лузните, Бриана пред спиење нанесувала ши путер директно на акните и лузните. Ова го правела секоја вечер без исклучок.
Билни суплементи
Последниот чекор, но подеднакво важен е употребата на билните суплементи: куркума, морски алги, буково дрво. Бриана вели дека прво треба да се консултирате со докторот и да направите тест за алергии пред да започнете со употреба на овие билки.
На крајот вели дека употребувала само природни производи, а после една недела од практикување на оваа рутина забележала видливи промени. После два месеци, нејзиниот тен станал изедначен и сјаен.