Кејт Хадсон е одамна отсутна од социјалните мрежи, но во новата објава на Инстаграм објасни дека имала многу добра причина за тоа.
Актерката е бремена неколку месеци. Таа се обидела да ја скрие бременоста, но и самата признава дека тоа е невозможно.
Хадсон со новото момче Дени Фуџикава очекува девојче, а полот на бебето го открила во интересното видео на Инстаграм. Актерката во видеото стои пред својот дом со пријателите и семејството, и таа, Дени и нејзините синови држат по еден голем црн балон со прашалници. Изброија до три пред да ги пукнат црните балони, од кои излегоа розови конфети и мали балони, што покажаа дека носи девојче.
“Се обидувавме да ја држиме оваа бременост далеку од очите на јавноста, колку што беше можно. Беше премногу голем предизвик да се сокрие, а криењето е поисцрпувачко од откривањето. Моите деца, Дени, јас и целото семејство сме многу возбудени. Пристигнува мало девојче во нашето семејство” , напиша 38 годишната Хадсон на Инстаграм.
Колку за потсетување, Хадсон веќе ги има 14. годишниот син Рајдер со Крис Робинсон и 6. годишниот син Бингам со Мет Белами.