(ФОТО) Бившиот свршеник на „џепната венера“ конечно проговорил: Ладните зборови упатени само на Кајли, но се’ „да се смрзнеш“!

После љубовната врска со Џошуа Сасо австралијанската пејачка Кајли Миног доживеала голем „бродолом“…
„Морав повторно да се изградам, физички и ментално“, говорела своевремено пејачката, која долго била повредена после прекинувањето на свршувачката.
Меѓутоа, откако видел колкаво внимание привлекла Кајли, Џошуа пробал да се извлече со објава на Инстаграм.
„Што и да се случува, мораш секогаш да знаеш – ништо лично“, и не запрел тука.
„Ништо не е лично. Кога кровот ти прокиснува, кога ќе ја загубиш работата, кога некој ќе си замине од твојот живот – ништо лично. Дел си од универзумот како што е бранот дел од океанот.Се’ е тоа природно. Не се држи за работите, бидејќи кога ќе пуштиш нешто што ти е од голема помош ќе сфатиш што е важно. Тогаш ќе можеш да продолжиш со животот, без било каков товар на грбот. Пушти“, напишал глумецот, како никогаш ништо да не се случило.


Кајли сеуште не се огласила по повод ладната објава.
Двојката минала заедно две години. Минатата година ставиле точка на љубовта, по неговата измама со колешка на снимање, после што се зборувало дека Кајли тврдела дека доживеала нервен слом.
Колку беше „расипан“ Џошуа говори и неговото инсистирање, иако се свршени да не се венчаваат додека во Австралија не биде дозволен истополов брак…Промислено и расипано до срж…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Траума и театар: Горан Стефановски“ од Мишел Павловски

На 29 ноември 2023 година, во Културно информативниот центар во Скопје со почеток во 10:00 …