(ВИДЕО) Предупредувањето на Илон Муск за вештачката интелигенција „ја леди“ крвта во вените!

Илон Муск рекол дека во време на вештачка интелигенција би можеле да создадеме „бесмртен диктатор од кого е невозможно да се избега“.
Муск се појавува во новиот документарец на Крис Пајн, „Do You Trust This Computer“ во кој се истражува потенцијалната опасност која вештачката интелигенција може да му ја донесе на светот.
Рекол дека развојот на суперинтелигенцијата би можела да резултира со форма на вештачка интелигенција која владее со светот.
„Кога на власт е злобен диктатор, тој човек ќе умре. Но, не и AI,не би имало смрт. Би живеел засекогаш. И’, тогаш би имале бесмртен диктатор од кого не можете да избегате“ рекол Муск.
Додал и дека вештачката интелигенција не мора да биде злобна за да го уништи човештвото.
„Ако вештачката интелигенција има цел, а луѓето и се најдат на пат, ќе ги уништи без рзмислување. No hard feelings”, вели Муск.


Минатата година Муск предупредил дека глобалната трка во развојот на вештачката интелигенција би можела да резултира со трета светска војна.
Освен тоа, смета дека развојот на технологијата за човештвото претставува поголема закана отколку „нуклеарен конфликт“ со Северна Кореја.
Муск смета дека луѓето би требало да се спојат со вештачката интелигенција за да се одбегне ризикот да станат неважни“, пишува Mashable.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …