(ВИДЕО) Мистериозна светлина над Киев: Никој не знае што е, се огласила и НАСА

Од Киев се сомневале дека се работи за сателит на НАСА за кој било најавено дека ќе падне на Земјата, но американската вселенска агенција изјавила дека нивниот сателит се уште е во орбитата.
Небото над Киев било осветлено од чудна светлина. Воената управа на главниот град на Украина соопштила дека забележале непознат предмет и се подготвени да го урнат. На жителите им било кажано да одат во засолништа.
„Беше забележан силен блесок, но не се слушна експлозија“, изјавил украинскиот претставник Олексеј Гончаренко.


Украинските воздухопловни сили велат дека блицот можел да биде метеорит и се чини дека не е резултат на руски напад.

„Мистериозниот блесок го виделе околу 22 часот по локално време. Сирените за воздушен напад беа активирани, но немаше напад“, изјавил Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев.
Украинците беа убедени дека овој феномен е резултат на падот на сателит на НАСА тежок 300 килограми. Но, тие веднаш ја контактирале НАСА.
„Во моментот кога го видоа блицот во Киев, нашиот сателит сè уште беше во орбитата“, рекол Роб Маргета од канцеларијата за комуникации на НАСА.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 21.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Денеска Овенот главно ќе се занимава со документација со акцент на довршување на …