(ВИДЕО+ФОТО) Скриениот скапоцен камен на Егејското Море: Овој медитерански остров е поголем од Мајорка и Крф

Овој малку познат егејски остров, поголем од Крф и околу половина од Крит, е вистинско богатство на Грција.
Само два часа со воз од Атина е прекрасната Еубеја. Вториот по големина грчки остров по Крит е одделен од копното со каналот Еурипос, каде струите се толку непредвидливи што можат да го променат правецот дури 14 пати во еден ден.
Кога ќе погледнете малку поблиску, надворешниот поглед на островот е многу сличен на морското коњче, овој остров е долг 150 км, додека најширокиот дел е 50 км, до само 6 км во најтесниот дел. Шумите кои ги опкружуваат населените места се густи, плажите наликуваат на оние од бајките, а туристи речиси и да нема.
Овој остров е шести по големина во Медитеранот, но се одликува со својата богата историја. Според достапните податоци, Аристотел умрел овде во 322 година пред Христ пред новата ера, додека многу локални жители веруваат дека Хомер живеел овде некое време,


Овој факт е особено необичен кога се знае дека оваа бујна и прекрасна земја е врамена со борови на падините на планината Оки, прошарани со мистериозни камени урнатини познати како дракоспита (куќи на змејот), дом на градот Адипсос, каде што лековитите извори богати со минерали некогаш ги лекувале Римјаните.
Можеби Евија е занемарена толку долго, бидејќи, со мост е поврзана со копното, и не изгледа како остров. Можеби е виновно немањето сопствен аеродром (најблискиот е во Атина).

View this post on Instagram

A post shared by Daniel (@hensemol)


Без оглед на причината, овој малку познат егејски остров, поголем од Крф и околу половина од Крит, останува скриен скапоцен камен, но секако заслужува да биде откриен.


View this post on Instagram

A post shared by ANTIROAD (@antiroad.team)

Прекрасните камени и песочни плажи, чиста вода, мирис на мајчина душица, рустикални таверни во сопственост на локални рибарски семејства и вино што се произведува тука уште од римско време – сето тоа го крие овој неоткриен грчки скапоцен камен.
Со поглед на заливот каде Агамемнон и неговата флота се засолниле на пат кон Тројанските војни, островот досега го посетиле Грета Гарбо и Омар Шариф.

This image has an empty alt attribute; its file name is ostrov-evdeja.jpg

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …