БРОЈНИ РЕАКЦИИ – Се појавила фотографија од визата на Георгина на која е наведена како „сопственост на Роналдо“

На интернет кружат наводни фотографии од визата на Георгина Родригез, а еден детаљ предизвикал бројни реакции на социјалните мрежи.
Имено, Георгина била етикетирана како „роб“ во „сопственост на фудбалерот“.
Потсетуваме дека жените во Саудиска Арабија немаат независност или автономија, а славниот пар не е официјално во брак, што значи дека според тамошните закони не можеле да живеат заедно.
Парот наводно добил специјална дозвола од саудиската влада за заеднички живот.


CNN Arabic испратил прашање за документот до властите во Саудиска Арабија, но не добиле коментар. Тие напишале и дека документот најверојатно е лажен, но без официјална потврда не е можно да се потврдат или демантираат овие гласини.

Инаку, Георгина претходно се пожали дека нивните деца ги тепале на училиште.
„Има моменти на училиште кога децата ги удираат и не се бранат“, рекла Георгина и потоа ја опишала ситуацијата. „Пред некој ден ми дојде едно дете дома и почна да плаче, прашав што се случи и добив одговор: Ме удри дете. Му реков: ‘Зарем не знаеш да се браниш?’“, изјавила таа во едно интервју.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …