Мунбин, К-поп ѕвездата, починала на 25-годишна возраст

Мунбин, К-поп-ѕвездата и член на машкиот бенд „Астро“, починал на 25-годишна возраст, објавија во четвртокот неговата музичка куќа и јужнокорејската полиција.
Младиот пејач бил пронајден мртов во својот дом во јужниот дел на Сеул доцна во средата, изјавил портпаролот на Националната полициска агенција за AFP, додавајќи дека обдукцијата ќе ја утврди причината за смртта.
Јужнокорејската новинска агенција Yonhap, цитирајќи неименуван полициски функционер, објавил дека властите се сомневаат во самоубиство.

И издавачката куќа на Moonbin, Fantagio Music, ја објави неговата смрт во четвртокот и побара од фановите „да се воздржат од шпекулации и злонамерни информации“ за неговото семејство да може да му оддаде почит на мир.


Објавата на издавачката куќа предизвикала илјадници коментари од ожалостените фанови. Многумина изразиле неверување.
Мун Бин, кој настапуваше како Мунбин, беше актер и модел пред да се приклучи на бендот „Астро“ во 2016 година, а исто така настапувал и со подгрупата „Мунбин и Санха“.
Под сјајот и гламурот, индустријата на К-поп е позната по жестоката конкуренција, недостатокот на приватност, онлајн малтретирањето и немилосрдниот јавен притисок.
Во последните години на сличен начин умреа неколку млади К-поп ѕвезди, а се сомневаат и за самоубиства.

Меѓу нив е и Гу Хара која почина во 2019. Девојката била малтретирана од нејзиното поранешно момче кое откако раскинале ја уценувало за заеднички секс видеа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …