Концерт на Фатос Керимај и Златко Ориѓански во Тирана

Вчера вечер во организација и со финансиски средства од општина Тирана, се одржа голем концерт на двајца композитори, Фатос Керимај и Златко Ориѓански.

This image has an empty alt attribute; its file name is origjanski-koncert-3.jpg


Првиот од Тирана, вториот од Скопје, секој со половина час своја музика, изведена од симфонискиот оркестар „Hybrid symphony” составен со музичари од Атина, Тирана и Приштина.

Керимај беше диригент, оркестарот изведе дел од неговата филмска музика, Ориѓански се претстави со дел од музиката за ,,Пред дождот” и музика пишувана за театарските претстави на Слободан Унковски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„БИТОЛСКИ БЕЉОТЏИЈА“ – хуманитарен бељот турнир

Денеска со почеток во 10:30 часот, во барот Општина а во организација на РОТАРИ КЛУБ …