(ФОТО) Откажан концертот на Ролинг Стоунси – Мик Џегер позитивен на коронавирус!

Фронтменот на Ролинг Стоунси, Мик Џегер е позитивен на коронавирус, поради што бендот го откажа концертот во понеделникот, само неколку часа пред почетокот на најавениот настап.
„Многу ми е жал што морам да ве известам дека го одложуваме настапот во Амстердам. Само што, од тестот, дознав дека имам КОВИД. Ќе се обидеме што поскоро да направиме нов распоред на настапи и што побргу да се вратиме на сцената. Ви благодарам на разбирањето и трпението“, напишал Џегер на Твитер.


Бендот исто така објави дека Џегер (78) бил тестиран откако ги почувствувал симптомите на Ковид по пристигнувањето на стадионот во предградието на Амстердам.
„Ролинг Стоунси искрено жалат за одложувањето на концертот, но безбедноста на публиката, другите музичари и тимот на турнејата мора да биде приоритет“, се наведува во образложението за откажувањето на концертот.
Ролинг Стоунси се на европската турнеја SIXTY, по повод 60-годишнината.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот сликар Јован Шумковски

Јован Шумковски е роден на 18 јануари 1962 година во Скопје. Тој е македонски сликар …