Уживајте во денот: Еве што не очекува веќе од утре!

Како што предвидуваат од УХМР наскоро не очекува промена на времето – се најавува заладување и дожд…
Денес ќе се задржи многу топло време, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, а можна е и изолирана појава на град. Во текот на новата работна седмица под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. И во Скопската Котлина ќе има честа појава на нестабилност, а повремено ќе има услови да биде и во форма на невреме. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.
За утре се најавува претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд проследен со појава на грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. УВ=7
За вторник, среда и четврток се најавува влошување на времето со пониски температури и врнежи. Просечни температури: Минимална температура: 10°C до 17°C Максимална температура: 25°C до 32°C УВ=7

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …