(ФОТО) Саманта од култната серија „Сексот и градот“ во 7. деценија се соблекла во костим за капење: Многу обожаватели се воодушевени!

Актерката крена прашина со фотографија во едноделен костим за капење
Познатата Саманта Џонс во серијата „Сексот и градот“ ја толкуваше актерката Ким Катрал. Таа се појави во шест сезони од оваа серија. Таа сега има 65. години, но изгледа неверојатно, што го докажа со фотографија на својот Инстаграм профил.

View this post on Instagram

A post shared by Kim Cattrall (@kimcattrall)


„Овде нема што да се види, продолжете“, напишала Ким под сликата.
Сепак, нејзините обожаватели сметаат дека има што да се види. „Изгледаш неверојатно“, „Саманта Џонс, те сакам“, коментираат нејзините обожаватели.


Конфликт со Кери Бредшо?
Во неодамнешното интервју за „Variety“, Ким изјави дека не сакала да ја прифати улогата во третото продолжение на филмот „Сексот и градот“ бидејќи напишаното сценарио не придонесува за напредокот на нејзиниот лик. Бројни реакции предизвикала и нејзината изјава дека главните хероини од ова остварување Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон не и се пријатели.
Сепак, Паркер не обрнала внимание на изјавата на нејзината колешка и нивниот однос зад камерите, туку ги демантирала нејзините зборови за споменатиот филм како гостин во подкастот „Awards charter“:
„Бев толку внимателна никогаш да не кажам ништо срамно бидејќи тоа не е начинот на кој водам комплицирани разговори“, рекла Сара, додавајќи дека не е точно дека Ким ја одбила улогата, туку дека студиото не сакало да ги прифати нејзините услови. Тоа е и причината поради која е одложено снимањето на филмот, а Паркер објаснила дека „не сакале да снимаат без Ким“.

View this post on Instagram

A post shared by Kim Cattrall (@kimcattrall)


„Секој актер има право да бара одредени работи, да има договор што му одговара. Никогаш не би оспорила такво нешто бидејќи искрено, тоа не е моја работа. Дали сме разочарани? Се разбира, но тоа се случува.А потоа имаше многу јавни разговори за тоа како Ким се чувствува за серијата и уште еднаш, не е на мене да и кажам: ‘Грешиш, тоа би било одлична работа за тебе’.
Поминав многу години работејќи навистина напорно, и секогаш сум љубезна со сите на снимањето, се грижам за луѓето, одговорна сум кон нив, кон моите работодавци и кон оние за кои мислам дека сум одговорна како продуцент на серијата“, изјавила познатата Кери Бредшо и додала дека ликот на Саманта несомнено придонел за успехот на серијата.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …